Веројатно се прашувавте кој на СДСМ им ја смисли нелогичната фраза НОВА НОРМАЛНОСТ, која треба да го убеди народот дека короната е нешто најнормално за да излезе на избори и која сега сите министри и врхушката на партијата беспоштедно и катадневно ја „верглаат“ и користат во секоја втора реченица?

Ни помалку, ни повеќе – сентенцата е плагијат преземен од нивниот заштитник Џорџ Сорос. Уште еден доказ кој ги влече конците во Македонија, објави Курир.

„Абе еднаш, само еднаш да им текнеше нешто нивно сопствено, оригинално и изворно… Откако плагијатарот им го презеде ПР-от се вакви работи им се случуваат.“ велат на ТВитер.

Твитерџите во Македонија обелоденија дека Владата на СДСМ повторно изврши класична копи-пејст кражба и „новата“ фраза „НОВА НОРМАЛНОСТ“ ја презема од сопствениот и долгогодишен ментор Џорџ Сорос. Терминот е во употреба токму од нивниот децениски заштитник, мецената на Шарената „револуција“ и НВО организациите кои сега се вработија во влада, па станаа ВО, владини организаци.

Токму Џорџ Сорос минатата бегалска криза. која го зафати светот, ја нарече НОВА НОРМАЛНОСТ.

Копирањето премина во навика на СДСМ. За потсетување и кампањата на СДСМ за изборите во 2016-та беше гола кражба, за која српската партија Двери најави тужба за плагијат.

За престедателските избори со Стево Пендаровски, пак, го копираа целосно изборното лого на Хилари Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.