Писмата на министерот за здравство Венко Филипче до Пекинг, за кои вчера пишуваше италијанскиот весник „Ла верита,“ оделе строго преку фантом фирмата „Stabri International” во Хонг Конг, и во декември 2020 и во јануари 2021, пишува во денешниот нов текст на оваа тема на истражувачкиот новинар Џовани Каподистрија.

За фирмата не се знае ни колку вработени има, доколку ги има воопшто, фирмата исто така според регистарот во Х.К. нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Случајно или не, фантом фирмата е регистрирана во 2017г, само 5 месеци по формирањето на владата на Заев, открива весникот.

Ви го пренесуваме целиот текст на „Ла верита“ со наслов „Писмата на министетот на Заев до Кина: Дајте ни ги вакцините, ризиците се на наш грб“:

До денес, Македонија, сè уште без јасна потврда дали ќе биде снабдена со вакцини, брои повеќе од 3.200 починати поради Ковид-19 на ниво на 2 милиони жители. Следствено на објавената анализа вчера од Ла Верита, околу модалитетот на барање дози на пазарот на вакцините од страна на власта, премиерот Зоран Заев призна дека платениот аванс на Кина за да ги добие продуктите од Синофарм, бил вратен, а вакцините не се добиени поради вклучувањето на странски фирми како посредници. Ла Верита ги поседува писмата на министерот за здравство Венко Филипче во кои е вклучена друга фирма, различна од оние кои беа споменати од страна на македонскиот премиер за време на вчерашната прес-конференција, писма кои би можеле да го појаснат мотивот зошто не се воспоставила соработката со Пекинг.

Сепак, писмото кое е значајно за западните демократии и Атлантската Алијанса, е она кое датира од 25 јануари, во кое министерот за здравство, во спротивност од својата институционална мисија да ги штити животите на граѓаните и кршејќи многу меѓународни конвенции, изјавува дека го ослободува Синофарм, односно кинескиот режим, од било каква одговорност за евентуални негативни ефекти од вакцината. Веќе е јасно дека во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н здравствена дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.