Владиката Европски од МПЦ – ОА, Отец Пимен на Фејсбук реагираше на одлуката на Претседателот Пендаровски да не го одбележува Илинден на Мачкин Камен, како што доликува на држава која го почитува својот најголем национален празник.

„Ај да го разберам светот како поле за културен натпревар, ама како да го разберам претседателот шо ќе оди на Мечкин камен на кафе наместо на чествување на непокорот? За мир во куќа, немир во душата на секој Македонец не е опција.“

Отецот реагира на одлуката на претседателот да им се додвори на одредени политички кругови, а како резултат на тоа го вознемири секој еден граѓанин на Македонија, кој го почитува Илинден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.