Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат рече дека ако од неговата партија не ја изнесле на виделина аферата со издавањето пасоши со туѓ идентитет неизвесно е уште колку такви патни исправи ќе биле издадени од страна на МВР. Како што кажа тој, ВМРО-ДПМНЕ ќе објави сѐ што ќе биде доставено до партијата од страна на „свиркачи“.

„Имаме закон за свиркачи коишто доколку видат дека институциите не функционираат, односно прават криминал, тоа може да го обелоденат до јавноста, го доставиле до нас и ние тоа сме го обелодениле до јавноста. И во наредните периоди, сѐ она што ќе дојде како дополнителен доказ ќе биде обелоденето“, рече Петрушевски.

Тој додаде дека првиот човек во МВР, Оливер Спасовски, треба да поднесе оставка, без оглед дали ќе му биде прифатена, за да овозможи квалитетна и детална истрага во министерството кое го предвод

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.