а денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски посочи дека лицата со мобилна интелектуална попреченост, нивните семејства и лицата со ретки болести се незадоволни од политиките на власта и потребно е решавање на нивните проблеми.

„Јас повторно ќе ве информирам дека лицата со мобилна интелектуална попреченост, нивните семејства и лицата со ретки болести излегоа на протест пред Владата и Собранието и воопшто не се задоволни од вашата работа, вчера беа кај министерката за труд и социјала, од каде што исто излегоа незадоволни. Ќе ве замолам повторно заедно да одиме да се сретнеме со тие луѓе и ова се што го говорите тука да им го кажете ним, поради тоа што  очигледно се незапознаени, бидејќи се незадоволни од овие фантастични бројки кои што вие ги прочитавте“ нагласи Петрушевски.

Бране Петрушевски додаде и дека оваа власт не донела ниту една  странска инвестиција.

„Јас ќе ве повикам, барем една фабрика, странска инвестиција во Република Македонија која што ја донела владата на СДСМ, да ја кажете и да ја посочите овде на говорница. Понатаму спомнавте изградба на градинки, зошто вие како пратеник од Куманово дозволивте за четири и пол години во Куманово да не се изгради градинка а знаеме и јас и вие колкав проблем имаме со сместувачките капацитети во градинките во Куманово“ истакна Петрушевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.