123 функционери криеле имот вреден 30 милиони евра, во аферата Тајни имоти, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска до ДКСК ќе доставиме листа од функционери кои се именувани на седница на влада, а не си ја извршиле својата законска должност, да поднесат анкетен лист до Антикорупциска. Очекуваме ДКСК да постапи во однос на сите. Уште еднаш ја повикуваме ДКСК да не влегува во криминал и со антидатирани документи да ги правда функционерите кои не поднеле анкетни листови со месеци и години откако се на функција. Од изнесените информации видовме дека се работи за функционери, од кои голем дел поседуваат фирми, луксузни автомобили, станови и куќи. Имотот кој го поседуваат, а не го пријавиле е голем. Истовремено ги повикуваме и ДКСК и Владата да престанат да си ја префрлаат топката кој е виновен за тоа што 123 функционери криеле имот вреден 30 милиони евра. ДКСК да почне да си ја извршува законската должност и да поднесе пријави до сите именувани функционери кои не го дале својот имот на увид, вели Петрушевски.

Тој додава дека од друга страна ја охрабруваме ДКСК да поднесе кривична пријава до ЈО за Владата и дезертерот Ковачевски, за кои тврдат дека не ги информирале за извршените именувања на функционери, иако за тоа комуницирале со скоро сите генерални секретари кои што поминаа на таа позиција.

Доколку ДКСК не поднесе кривична пријава за Ковачевски само ќе потврдат дека и тие се дел од системот за криење на имот, и дека свесно ги толерирале именуваните функционери и не постапувале согласно закон. Дополнително ДКСК по службена должност да побара од УЈП отпочнување на проверка на сите функционери кои не го пријавиле својот имот, дали за него платиле данок, односно дали е стекнат со легални средства, зошто се крие имот само кој е стекнат на нелегален начин, истакнува Петрушевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.