Дополнителната заменик министерка во Министерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска потврди дека по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев за враќање на возилата, досега е вратено само едно и порачува дека другите возила нема да се вратат.

Колку што знам вратено е само едно возило, за другите возила испративме дописи, јас, директорот на Бирото за јавна безбедност и Одделот за телекомуникации дека возилата се користат согласно прописите во Министерството за внатрешни работи, дека се неопходни и дека нема да се вратат, објаснува Петровска за Фокус.

Во телеграмата што вчера попладне ја испратил Чулев освен барањето да се врати едно возило кое го користела токму Петровска и неколку возила кои ги користело обезбедувањето на неговиот претходник и сегашен технички премиер, Оливер Спасовски, Чулев барал да се вратат и возила од кај претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Петровска утринава побарала информација со колку возила во моментот располага министерот Чулев и чека информација.

Чулев претходно во изјава за Фокус тврдеше дека возилата се користеле несоодветно и дека телеграмата била испратена во рамките на постапувањето согласно процедурите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.