За да се борите против криминалот треба да го осудите криминалот во сопствените редови, ѝ порача на опозицијата заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска, реагирајќи на прес- конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ, кој претходно денеска обвини дека постојат сериозни индиции за криминал во набавката за пасоши и лични документи.

Следниот пат кога ќе застанете пред камера со обвинувања, прво проверете дали ги знаете сите информации или сте наседнале на нечија провокација или непознавање. Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки.

Институциите работат и ќе ги испитаат сите наоди, па макар тие биле и паушални обвинувања поттикнати од партиски интереси. За ваша информација, компанијата која ја обвинувате за соучесник во наводен корупциски криминал е германска компанија во која 40% сопственик е државата, вели Петровска во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.