Премиерот Кирил Петков очекува наскоро во македонската влада да се формира институција за Бугарите. Тој повтори дека ветото ќе биде укинaто „кога ќе ja завршиме работата“, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Сите Бугари знаат дека Македонија на долг рок мора да биде дел Европската унија. И сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во Македонија мора да бидат заштитени. Поентата е да се ослободиме од оваа политичка реторика и да работиме. Очекувам Македонија многу брзо да направи некаква институција во склоп на нивната влада за правата на Бугарите“, рече премиерот.

Тој повтори дека оваа влада нема да направи ништо без бугарскиот парламент.

Ништо скриено нема да се случи. Целосно ќе го заштитиме бугарскиот интерес, но долгорочниот бугарски интерес се совпаѓа со долгорочниот интерес на Македонија. Кој сака соседот да е сиромашен, да не е во ЕУ и да има затворени граници“, изјави Петков на Нова ТВ.

Запрашан дали ветото ќе биде укинато, тој рече: „Кога ќе ја завршиме работата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.