Миле Петков, кандидат за градоначалник на општина Виница, презентираше два проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, кои, како што нагласи, се од голема важност за сите граѓани на општина Виница и за кои гарантираме дека ќе ги реализираме.

1. Изградба на нова автобуска станица за локален, меѓуградски и меѓународен сообраќај, којашто е предвидена согласно ДУП односно на просторот помеѓу Здравствен Дом Виница и бензинската пумпа на „Дади компани“.

Реализацијата на овој проект ќе значи и отворање на нови работни места, подобрена сообраќајна инфраструктура и поврзаност.

На сегашниот простор наменет за запирање на автобусите ќе изградиме современ паркинг простор со што ќе ја подобриме состојбата со паркирањето во Виница.

Овој дел од централното градско подрачје ќе добие нов урбан лик, осветлен и хортикултурно уреден.

2. На планината Плачковица во место викано Маринково ќе донесеме план за изградба на туристичка и викенд населба за изградба на викенд куќи и хотелски комплекси со што ќе се овозможи развој на планинскиот туризам.

Планината Плачковица и врвот Лисец се омилена дестинација за рекреација и кампување на голем број на граѓани.

Тука има голем потенцијал за развој на планинскиот туризам и затоа оваа дамнешна желба на граѓаните на Општина Виница, ќе стане реалност.

Ќе донесеме урбанистички план, со што физичките и правните лица ќе имаат можност да добијат градежни парцели за изградба на викенд куќи и хотелски комплекси.

За пристапот до туристичката и викенд населба ќе извршиме и рехабилитација на патниот правец од с. Градец.

Секој еден проект од изборната програма е добро осмислен, реален и е резултат на потребите и барањата на Вас граѓаните на општина Виница, затоа на 17-ти октомври ја бараме Вашата поддршка за промени, проекти, победи, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.