Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска одговори на наводите во бугарските медиуми дека тој и претседателот Румен Радев во Франција ќе разговараат за суштината на предлогот за укинување на ветото за членство во ЕУ на Македонија.

Петков вели дека во моментов знае дека се работи многу на ниво на МНР за да се утврди какви се сите можности за напредок на темата Македонија. Според него, не може да се потврди ништо во однос на чекорите. Но она што го потврдува е дека ќе се избегнат секакви злоупотреби, пред што и да се направи, независно што ќе се договорат дипломатите и дека сѐ ќе оди низ Собранието и Собранието е последната инстанца и нема да има ништо тајно или скриено пред бугарскиот народ.

Не можам да потврдам поединечни покани за да видиме до каде ќе стигнеме. Знам дека се работи многу. Тоа навистина е во рацете на дипломатите, вели Петков.

Според него, што ќе се случи со Македонија зависи многу и од Европа, односно до кој степен би ги прифатила како услови кои се важни за Бугарија.

Затоа велам дека сега е кај диломатите, потоа следат политичарите и на крај Собранието кое треба да ја донесе тешката одлука, смета Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.