Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува Македонија наскоро да има амбасадор во Бугарија. Тој го изјави тоа за бугарските новинари кои известуваат за посетата на бугарската делегација на Скопје, откако имаше средба со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков појасни дека се надева тоа да се случи во следните 60 дена.

Пендаровски му порачал на Петков дека штом ќе добие предлог за иден амбасадор на Македонија во Бугарија, нема да го одложи испраќањето.

Петков рече дека профилот на идниот амбасадор на Македонија ќе биде бизнис-ориентиран и прагматичен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.