Денес не стигнавме на барикадите пред МНР, но затоа денес сме на барикадите во сала Борис Трајковски во Собранието на Република Македонија во одбрана на Македонската историја….истрајни и цврсти во борбата ИСТОРИЈАТА ДА БИДЕ ПОСЕБЕН ПРЕДМЕТ!, пишува пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на Фејсбук.

И понатаму се бориме за зачувување на македонската историја, за задолжителен предмет Историја. Ќе продолжиме до доцните часови бидејќи Македонија и македонската историја тоа го заслужуваат од сите нејзини граѓани. За жал колегите од СДС ја предадоа и продадоа историјата на нивните штетни политики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.