Петгодишно дете од централниот објект на штипската градинка „Астибо” е прв позитивен случај на коронавирусот меѓу згрижените деца во градот под Исар. Пред шест дена беа евидентирани четири позитивни случаи меѓу вработени во двете детски градинки, по што 24 деца со две вработени беа изолирани.

Директорката на градинката „Астибо”, Билјана Трајчевска го потврдува случајот и вели дека денеска е пристигнат резултатот по што се информирани сите надлежни институции и Општина Штип.

Петгодишното дете е дел од групата, која е изолирана, по појавата на вирусот кај воспитувачката. Но, епидемиолозите не го поврзуваат случајот на детето со воспитувачката, бидејќи неколку дена претходно не доаѓало во градинка. Според епидемиолошката анкета воспитувачката се заразила од член во семејството, истакна Трајчевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.