Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, утре на негова иницијатива ќе оствари работна посета на Република Македонија, за време на која предвидени се средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со други високи претставници.

Соработката во справувањето со глобалната пандемија COVID-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за Северна Македонија, за полесно надминување на овие предизвици. Воедно за време на средбата ќе се разменат и информации за натамошните чекори во европската агенда на земјата по добивањето на позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Македонија.

Ќе бидат разгледани и билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и продлабочување на соработката и солидарноста помеѓу двете земји, но и во рамките на Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.