30-годишниот Петар Рупески од Варош беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога во реката Јордан Свети Јован Крстител го покрстил Исус Христос.

Рупески по петти пат го фаќа крстот во осветените води на езерото.

На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десетина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.