По деградирањето на просветниот инспектор Ѓорги Илиевски, кој откри незаконски професорски звања на двајца министри од ДУИ, во најава е и нов скандал во образованието. До редакцијата на „Лидер“ биле доставени документи од Државниот просвектен инспекторат, поточно извештај даден на министерот за образование Арбр Адеми, во кој инспекторатот од министерот бара да се поведе постапка за одземање на докторатите на пет професори од Правен факултет при УКИМ.

Како што пишува медиумот, овие документи им биле испратени затоа што една година по овој извешрај од инспекторатот, министерот не постапува и не им ги одзел докторатите на овие лажни доктори на науки.

Помеѓу докторите на науки со сомнителен докторат има видни членови и советници во државни институции од редовите на СДСМ, пишува „Лидер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.