Во ковид-центрите низ државата има вкупно 318 пациенти, од кои во Скопје се 138, а 181 во другите градови.

Според последните податоци од Министерството за здравство, во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа поради компликации од корона вирусот се хоспитализирани пет нови пациенти и тоа еден на Институтот за ТБЦ, двајца во ГОБ „8 Септември“ и двајца на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а дома биле пуштени двајца оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 50 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 68 пациенти.

Што се однесува до ковид-центрите во другите градови, и натаму најмногу пациенти има во Куманово – 34 и во Охрид – 25. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во Штип има 19 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има пет пациенти, а во Велес се лекуваат 17 болни. Во ковид-центарот во Прилеп има 12 пациенти, во Гостивар двајца, во Струга 22, во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кочани четири, во Кичево седум, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.