Голема трагедија утрово ја разбуди цела Македонија. 46 наши сограѓани го загубија својот живот на пат од Турција кон Македонија, вели претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, во порака за сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Самата помисла дека се починати и дечиња, носи ужасна вознемиреност и не постојат зборови за утеха на семјествата, вели претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Изразувам искрено сочувство до семејствата на загинатите, моите молитви се со нив да Господ им даде сила да ја издржат оваа болка. На повредените им посакувам брзо и лесно закрепнување – вели Пешевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.