Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието Жаклина Пешевска во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“ на кое што учествуваше и Славјанка Петровска од СДСМ, зборувајќи за нефункционалноста на Собранието поради тесното мнозинство и немањето кфорум го спомна и тоа што во Собранието во скафандери беа однесени двајца пратеници од мнозинството болни од КОВИД-19.

Дрско е да донесете пратеници и да го задгрозите здравјето на сите. Предрско е затоа што влегуваа од истиот влез од кој што влегуваме сите и тие заслужуваат посебна кривична од секој од нас, затоа што сите имаме дома стари, хронично болни и деца. Тоа е неодговорно, истакна Пешевска.

На ова реагираше Петровска велејќи дека тоа е обврска на пратениците, а Пешевска ваквата постапка ја нарече тероризам.

„Тероризам е тоа, не е 27-ми тероризам. Тероризам е тоа што вие донесовте болни пратеници во скафандери. Треба да се срамите и да не го спомнувате. затоа ја вртат главата и не зборуваат во Собрание тие, затоа што знаат што направиле“, потенцираше Пешевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.