До вечерва до 22.00 часот, очекувам Нури Бајрами, баџанак на претседателот на Собранието Талат Џафери, да си поднесе оставка од функцијата член на Антикорупциската комисија, на која беше избран денеска, пишува во неговата колумна за „Плусинфо“, Бранко Героски.

За перјаникот на Заев, апсолутно ништо не значи тврдењето на Бајрами дека немало да потклекне на никакви притисоци и дека ќе се борел против секаков вид корупција.

Конфликтот на интереси не е фактичка ситуација, тој е претпоставка. Кога постои таква претпоставка, ваквиот избор е нелегитимен.

Непотизмот е цврста основа за таква претпоставка. Накусо, во случајов, Нури Бајрами не смее да биде поставен на ниту една важна државна функција, а јас би додал – најмалку да биде член на Антикорупциската комисија, пишува Героски.

Ова е подло, безобразно, ниско!

Героски побара од луѓето кои ги интервјуираа кандидатите за членови на оваа комисија веднаш да ѝ се извинат на јавноста за својот пропуст, зошто според него, тие морале да утврдат дека Бајрами е баџанак на Џафери и да го дисквалификуваат од трката.

Другарки и другари, дами и господо, побрзајте со единствената прифатлива реакција, за да го намалите срамот! Оставка!!!

Да не биде после пак да ни објаснувате дека Македонија била мала држава… Претеравте, ептен претеравте!

Нулта толеранција за корупцијата! Сега и веднаш!, повикува Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.