Мене ми е навистина жал што граѓаните на градот Скопје навистина се највеќе разочарани, не од моето работење, не од нечие туѓо работење, туку од работењето на градоначалничката Данела Арсовска, а она што уште повеќе ми е жал, тоа е мое мислење самата градоначалничката Арсовска е разочарана од Данела и затоа во изминатиот период бевме сведоци на лиферување на лажни вести во јавноста – посочи Златко Перински во вестите на Канал 5 во 18 часот.

Многу е симптоматично еден медиум на два дена пред отворање на финансова понуда да каже или лиферува во јавноста некаква сума, една понуда дека е поевтина од другата за некој 20тина милиони евра, мислам дека таква вест беше проследена во саботата, кога почна практично голготата на која сме сведоци во минатите три дена, така да тоа е многу симптоматично, изјави Перински.

Дополнително тој посочи дека градоначалничката Арсовска може да направи какви сака притисоци, да изјави што сака, но дека тој не е човек што свесно би направил прекршок, само заради задоволување на некој лични хирови и интереси. Тој дополнително укажа на лошата комуникација која градоначалничката ја имала со него изминатиот период.

Јас кога го добив дописот од страна на градоначалничката постапив согласно правилата и процедурите и веднаш од кога ги добив повторно назад, за тоа соодветно ја известив согласно препораките и прописите кои ги предлага процесот. До ден денес, т.е. до петокот немав ништо повратно од нејзина страна, тука треба да го поставите прашањето до градоначалничката, зошто на мојот допис кој што беше пратен кај неа на 10ти август, градоначалничката чекаше до петокот, до последниот практично работен ден пред отворањето на финансовата понуда да ми прати смс пораки во тој вакуум период да немаме никаква комуникација и официјална и неофицијална и на денот на отворањето на финансовата понуда она да се појави во мојата канцеларија во водовод да ме разреши. Тоа се одговори кои што самата Данела Арсовска треба да ги даде – истакна Перински.

Тој истакна дека загрозен е интересот на скопјани, бидејќи тука има лични интереси на некои луѓе, но Перински гарантираше дека до понеделникот согласно извештаите на ЕИБ процесот бил оценет како кристално чист и упати апел до новиот директор на Водовод и градоначалничката да не си играат со вакви капитални инвестиции и проекти. Тој повторно ги повика сите релевантни институции да го истражат процесот, бидејќи согласно извештаите тој е сигурен дека процесот е како што рече Перински кристално чист.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржа концептот за модерно Скопје како програма, за волја на вистината извојува убедлива победа на локалните избори. Ние како советничка група во Советот на Град Скопје ќе ги поддржиме сите оние проекти кои што излегуваат од таа програма, тука да немаат скопјани дилема, но сите оние проекти или како да кажам идеи коишто не излегуваат од таа платформа која победи на локалните избори ќе го задржиме правото жестоко да ги критикуваме. Се она што е во интерес на граѓаните и во интерес на градот Скопје и оние прoекти кои произлегуваат од програмата за модерно Скопје ќе бидат поддржани од советниците – рече Перински.

За него е тажно тоа што Арсовска изминатите 10 месеци бркала магла и кривец бара во својот тим и луѓето околу неа, тој го постави прашањето каде се проектите кои ги вети Арсовска, дали има барем нешто започнато од програмата за која што доби поддршка скопјани. Тој и посочи дека веќе е измината една година од нејзиниот мандат и дека е време да ги започне проекти и да почне да работи на нивна реализација.

Во услови кога не се реализираат проекти, кога од позиција на градоначалник се искара со сите соработници, повторувам со сите соработници не можете да не се запрашате дали можеби е и до вас проблемот не може сите околу вас да се криви. Тоа што нас не загрижува е немањето на комуникација на градоначалничката со сите останати субјекти – кажа Перински.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.