Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на панел-дискусијата „Како да се вратиме дома? Младинска Република Северна Македонија“, завршна дискусија во рамки на проектот Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција, финансиран од ЕУ.

Истакнувајќи дека проблемот со иселувањето на младите е актуелен со години наназад, претседателот Пендаровски рече не е добро што државата изгуби премногу време без притоа да понуди соодветни програми и политики за намалување на тој тренд. Претседателот Пендаровски подвлече дека сите претходни и сите сегашни политичари и функционери носат вина за масовната миграција на младите.

Барам тоа прашање да се тргне од меѓу партиските препукувања од дневната политичка агенда, комплетно барам да не биде дискутирано воопшто ако може, а нема да може за време на овие избори коишто доаѓаат или кампањата, бидејќи на тоа нема да добие никој поенти, бидејќи сите сме биле слаби во тој дел, од 90-та до денес. Сите треба да им се извиниме на македонските граѓани, што не се направило доволно, барем да ги ублажиме консеквенците, потенцираше претседателот Пендаровски.

Токму оваа изјава на претседателот Пендаровски е чистаа контрадикторност на она што го зборуваше кандидатот за праатеник Пендаровски во 2016 година во изборната кампања.

Како носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1 Пендаровски ја обвинуваше актуелната власт како диретно виновна за отселување на 600.000 луѓе од Македонија. Како носител на кандидатската листа на СДСМ Пендаровски ветуваше дека по 11 декември СДСМ ќе ги измени законите и ќе донесе конкретни политички мерки и решенија кои ќе им овозможат на младите луѓе тука да ја реализираат својата креативност, својата енергија, идеи и решенија

Белата чума си го зема својот данок, иселувањето има неверојатни пропорции. Изминативе 10 до 12 години според податоци на Светска банка 600.000 луѓе се иселени од Македонија, претежно млади и паметни деца. Тоа е повеќе од четвртина од целокупната популација. Македонија немала никогаш ваков бран на иселување, дури ни во првите години од независноста кога околу нас, на балканските простори беснееја војни. Здружената опозиција на чело со СДСМ има намера ова да го прекине, со тоа што ќе даде можности за младите луѓе да остануваат тука, својата креативност и енергија да ја вложуваат во Република Македонија, а нешколувани, заокружени профили, професионални кадри да одат во странство и таму да допринесуваат за развој на туѓи држави, зборуваше Пендаровски на 27 ноември 2016 година.

Дополнителен факт, којшто ги демотивира младите и ги тера да заминуваат во странство, како што потенцираше Пендаровски денеска, е длабоката политизираност на општеството. Демотивирачки за младите е и фактот дека Македонија не е правна држава на ниво на зрели европски демократии.

Јас мислам дека треба, освен оваа дебата да се извлече од дневнопартиски расправии, јас мислам дека ние треба на младите луѓе да им дадеме шанса да успеваат овде, со тоа што нема да им дадеме прво партиска книшка за вработување. Ако најдобрите во генерација велат мене не ме интересира политика, или не сакам да се бавам со политика, сакам да се бавам со ова за што сум учел, дајте ми шанса. Клучната мака се вика „клиентелизам“, односно ќе гласам за тебе, ако ме вработиш, заклучи претседателот Пендаровски.

Пред три години Пендаровски не мислеше како што размислува денеска.

Сега владејачката партија им овозможува шанса за вработување само на оние кои се членови на владејачката партија, сите други се граѓани, не од втор, туку од десетти ред, и сосема е логично зошто младите луѓе бегаат од сопствената татковина, било каде во светот само да не бидат тука, бидејќи нивната земја не им дава шанса за сопствена реализација, велеше истиот овој Пендаровски кој се бореше за гласови за партијата за која денеска вели дека вработува со книшка.

Јас кажав дека ако сум на нивна возраст, и Македонија ќе отвара едно поглавје годишно со ЕУ, а претходно 15 чека за почнување преговори, со ниски плати, ќе се иселев и немаше да му верувам на ниту еден политичар. Изборот е да ги лажам младите: за неколку месеци никој нема да ви бара книшка да се вработите, тоа ќе биде само според вашите квалитети, платата ќе биде 1.500 евра… или да ја зборувам вистината. Од мене никогаш нема да чуете политичка фраза за да направам некому ќеиф. Ако мојата изјава ги натера да се селат, а не целата ситуација во изминативе 30 години…, рече Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.