Пендаровски: Западен Балкан губи надеж дека би се интегрирал во ЕУ

Македонија 06.12.2019 / 18:14

Европската Унија не смее да ги остави земјите од Западен Балкан, бидејќи и граѓаните на тие држави заслужуваат подобри услови и поголем животен стандард.

Ова го  изјави денеска претседателот Стево Пендаровски во Берлин во обраќањето на панелот „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“ во рамки на конференцијата „Балкански дијалози“.

Би сакал да потсетам дека од шест земји во регионот, Црна Гора и Србија веќе со години, односно предолго, преговараат, две земји, односно Македонија и Албанија, со години наназад чекаат да добијат датум за почеток на преговорите, а останатите две, Босна и Херцеговина и Косово, воопшто никој не ги споменува, нагласи претседателот Пендаровски.

Според него, поради овие причини граѓаните на земјите од регионот полека почнуваат да губат надеж дека ќе ги почувствуваат бенефитите и вредностите од членството во Унијата.

Тие се сомневаат дека регионот на Западен Балкан ќе биде во иста ситуација како што е Турција, додаде Пендаровски.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, Пендаровски во обраќањето го повторил ставот дека Македонија не е против нова методологија за проширувањето на Европската Унија, ниту пак е против реверзибилност на процесот ако се назадува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.