Претседателот Стево Пендаровски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

 Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце во која животот го изгубија три деца, а уште шест лица се повредени. Загубата е ненадоместлива, се надевам повредените, на кои во моментов им се пружа медицинска помош, ќе бидат добро, напиша Пендаровски.

Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Во несреќата седум лица се повредени и се здобиле со изгореници. Од нив четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници и се на лекување во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.