За водење на предметот „ТНТ“ одбраната со писмо го информирала претседателот на државата, врховниот суд и амбасадорите на ЕУ, САД, Франција, Германија. Во него адвокатите пишуваат дека ефикасноста на постапката подразбира носење одлука на судечкиот совет кој е правилно составен и има мандат за донесување одлуки.

Во согласност со уставните и законските надлежности и почитувањето на принципот да не се влијае врз судските процеси, претседателот не коментира конкретни процесни дејствија од страна на учесници во конкретни постапки кои се во тек, информираат од Кабинетот на претседателот во врска со ова.

Претседателот смета дека со цел да владее правото, потребно е да се почитува презумпцијата на невиност, истражните постапки да се водат согласно законските одредби, судењата да се одвиваат во разумен рок, правичност и квалитет на пресудите, правдата да биде задоволена, криминалот да се казнува, а правосудните органи да не дозволуваат политичко или бизнис влијание на нивната работа, со цел правичност и доверба во правосудниот систем во нашето општество, пишува во дописот од Кабинетот на Пендаровски за „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.