Претседателот Стево Пендаоровски на приемот за дипломатскиот кор проговори и за нападите врз министерката Рашела Мизрахи од страна на власта. Тој побара нападите да запрат и да се внимава да не се повредат чувствата на еден народ или религија.

Неодамна, за жал, во нашиот јавен дискурс беа споделени изолирани коментари кои од припадниците на Еврејската заедница беа протолкувани како антисемитски. Слободата на изразување е фундаментално човеково право,но, при тоа, сите ние, мораме да внимаваме на нејзините легитимни граници кога нечиј коментар може да ги повреди чувствата на еден народ или религија преку влечење на погрешни историски паралели. Пред нас е период на кампања и вжештена предизборна реторика. Од тие причини, повикувам на поголема внимателност и воздржаност, затоа што мојот народ буквално никогаш во историјата не бил поврзуван со антисемитски сентименти и ставови-истакна претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.