Техничките рокови од Преспанскиот договор ќе бидат ставени на чекање до почетокот на пристапните преговори со Европската унија, рече претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за „Топ тема“ на „Телма“.

Пендаровски се осврна и на патните ознаки во Грција, кои сè уште не се променети во согласност со oвој договор.

Во Преспанскиот договор има два типа на рокови политички и технички. Едните се однесуваат на користење на името во меѓународните односи и билатералните односи. Тоа е исполнето. Техничките се однесуваат на областите. Кога ќе почнеме преговори со ЕУ за областа екологија, тогаш во документацијата во правниот поредок на оваа област ќе мора се користи новото име. Ако ние не преговараме со ЕУ, овие технички рокови ќе чекаат. Инаку да ви кажам, на враќањето од Париз поради лошото време, слетавме во Солун. И по пат ниту една ознака не е со Македонија, сите се со Скопје, што е непочитувањето на Договорот, вели Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.