Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, го поздрави потпишувањето на Пристапниот протокол за НАТО, со што, според него, станавме де факто членка на НАТО.
Денес, по цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание, станавме де факто членка на НАТО, со што ја реализиравме најголемата стратешка цел зад која стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму – напиша на Твитер Пендаровски, кој денеска заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров, присуствуваше на потпишувањето на Пристапниот протокол за НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.