Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил порача дека Армијата останува подготвена да интервенира каде било на територија на државата.

Им честитам на припадниците на Армијата, на противпожарните единици од Кочани и сите институции кои синоќа во Кочани се справуваа со огнената стихија. Кочанчани активно се вклучија во гасењето и во помагањето на единиците на терен и помогнаа да се избегне далеку пострашно сценарио. Во наредниот период интензивно ќе се следи состојбата со цел да се превенираат идни пожари. Армијата согласно со вчерашната наредба за прогласување тревога на целокупниот состав останува подготвена да интервенира било каде на територија на државата – напиша Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.