Претседателот Стево Пендаровски реши да не прогласи нова вонредна состојба. Тој се сложува со ставот на Владата дека не е потребна нова вонредна состојба и покрај бројот на новозаразени кој дневно изнесува над стотина.

Шефот на државата имаше речиси идентичен став како лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека избори мора да има и оти лидерите на сите партии треба да го договорат датумот. Пендаровски смета дека не може да се очекува целосна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во вакви услови.

Нема потреба да прогласам нова вонредна сотојба, има економскимерки донесени доволно за следниот период, има залихи на медицински материјал, но и Владата не поднесе ново баерање запрогласување вонредна состојба. Споредбите кои се прават со бројот на
заразени не држат, зашто вонредната состојба не беше воведена поради
бројот на заразени од коронавирусот. За карантин, полициски час и слично нема потреба да има вонредна состојба, Владата тоа може да годонесе по закон-смета шефот на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.