Претседателот Стево Пендаровски денешниот историскиот прв натпревар на македонските фудбалери на Европско првенство го следи во друштво на амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас, чија репрезентација е нашиот денешен противник. Во нивно друштво е и фудбалската легенда Дарко Панчев.

Навиваме за нашите заедно со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев. Навивачкиот дух го има и австрискиот амбасадор Вуцас. Верувам дека нема да нè ’скара‘ вечерашниот натпревар, напиша Пендаровски на социјалните мрежи споделувајќи и фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.