Претседателот ја квалификува Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент пред четири дена како „домашна политичка потреба во очи на изборната кампања“.  

ие имаме рамка, после преговарачката европска рамка имаме нормална рамка која се нарекува фаза скрининг која треба да заврши до крајот на ноември оваа година. Декларацијата на бугарскиот Парламент во очи на нивните избори не се разликува по ништо од декларацијата дури и не е толку лоша од декларациите кои ги видовме три години во претходниот Парламент исто така. Она што е битно е што е европска преговарачка рамка одобрена од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и од Република Бугарија. Ова се унилатерални декларации кои до овој момент не добиваат поддршка од никого во Брисел и се разбира дека нема ни да добијат. Сакам да ги толкувам како нивна домашна политичка потреба во очи на изборната кампања, објасни Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.