Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на Њујорк, по повод учеството на Генералното собрание на Обединетите нации, се сретна со неформалната група македонски професионалци коишто живеат во САД.

На средбата се разговараше за нивните тековни активности, за нивните професионални аспирации и за предизвиците во сферите на нивното дејствување. Во таа насока, беше реафирмирана подготвеноста за зајакнување на соработката и размена на искуства во областите од заемен интерес.

Пендаровски изрази задоволство што голем број од Mакедонците што живеат во САД се реализирани личности кои во изминатите години создаваат успешни бизнис и животни приказни, притоа негувајќи ја врската со нивната матична држава. Во тој контекст ја нагласи потребата од засилен ангажман на македонските институции во насока на создавање услови за градење нови бизнис релации, што ќе придонесе за продлабочување на севкупната соработка на нашата држава со САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.