Претседателот Стево Пендаровски во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими Марко Пејчиновски и Ергин Борова, лица, кои го препливаа Охридското Езеро, со пораки за подигање на свеста за лицата со попреченост.

Петнаесет годишниот Марко, дете со некроза на ногата два пати пливаше од Охрид до Свети Наум, еднаш во чест на лицата со попреченост, а вториот подвиг и го посвети на неговата болна мајка. Борова пак, неодамна пливаше од Охрид до Струга, за ја подигне свеста за децата со попреченост и да ја промовира иницијативата за изградба на Центар за згрижување и развој на деца со попреченост во неговата родна Струга.

Целта на средбата, како што соопшти прес-службата на Претседателот, е оддавање почит за нивните подвизи и она што го прават за подигање на свеста кај лицата со попреченост.

Двајцата во себе носат хуманост и солидарност. Двајцата, даваат поддршка на послабите од нас, стои во објавата на фејсбук статусот на претседателот Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.