Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ)регионалниот директор за Европа, Роберт Бенџамин и регионалниот директор на НДИ за Азија, Манприт Анандкако и претставници на институтот од Македонија.

 

На средбата, соговорниците разговараа за севкупните активности на НДИ во Република Македонија во насока на поддршка на демократските процеси во државата, промоцијата на младинското лидерство, поддршка на невладиниот сектор, на изборниот процес, како и поддршка на маргинализирани групи.

 

Претседателот Пендаровски се заблагодари за соработката и поддршката од НДИ за Претседателскиот центар за политичко образование и реализацијата на првата Школа за политики, како централна активност на центарот, која во себе обединува учесници со различно потекло и професионално минато и е насочена кон промоција на демократските вредности. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на успешната соработка.

 

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните состојби во земјата и регионот, состојбата со ЕУ интеграциите, како и соработката на државата со САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.