Претседателот на Македонија Стево Пендаровски вечерва поради ситуацијата со пожарите во државата, а посебно во околината на Кочани прогласи тревога на целокупниот состав на армијата за справување со елементарни непогоди. Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на армијата е во тек.

Вечерва на предлог на Генералштабот на армијата, а по анализа на состојбите наредив да се прогласи тревога на целокупниот состав на армијата за справување со елементарни непогоди. Ова е донесено со цел да може во координирана акција со сите институции целокупниот состав на армијата да се стави на располагање за справување со пожарите на територијата на државата.
Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на армијата е во тек, објави Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.