Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, порача денеска преку фејсбук-статус претседателот Стево Пендаровски, на денот кога се одбележуваат 16 години од трагичната смрт на Борис Трајковски.

Денеска одбележуваме 16 години од смртта на прерано и трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот Кабинет и мои некогашни колеги. Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, неговата клучна улога во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор и неговата непосредност и ведрина. Денеска им оддаваме чест на Претседателот Трајковски и членовите на Кабинетот со полагање цвеќе кај Ротимље и на местата на нивните вечни почивалишта. Слава им, секогаш ќе живеат во нашите спомени, додаде претседателот на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.