Одговарајќи на прашање од член на штабот на Стево Пендаровски, гостин во публиката, според пропозициите на последната ТВ дебата на ТВ 21, професорката Силјановска рече дека точните податоци за безбедносните структури ги знаат само Путин и Борисов затоа што произлегуваат од безбедносните структури.

Таа додаде дека во светската пракса кандидатите кои имаат врска со овие сгтруктури се сметаат за условно речено „контаминирани“ и ќе им треба време од околу 5 години за да се „деконтааминираат“, бидејќи оној што следел, очекува да биде следен.

На ова, Пендаровски реплицираше дека Путин и Борисов ѝ биле сомнителни на Силјановска бидејќи имаат безбедносен бекграунд.

Мене ме запрепастува јавното признание на кандидат за претседател, кој утре може да биде навистина претседател, кој кога ќе се сретне со Путин прво ќе му рече ти мораш да се деконтаминираш од тоа безбедносно минато, а истото ќе му го предложи и на Бојко Борисов, затоа што ѝ бил сомнителен. Дали тоа значи дека воопшшто нема да се гледа со нив затоа што ѝ биле сомнителни.

Пендаровски целосно ги извртува зборовите на Силјановска, делува нервозно, неконтролирано се смее, а згора на тоа, ја обвини и дека наводно рекла дека тој има сомнителна улога во атентатот на Глигоров.

Силјановска му преплицираше на ова.

Јас зборувам за цивилната димензија на претседателот и на политичарот. Дури и за министерот за одбрана и за внатрешни работи во Уставот пишува дека треба да поминат најмалку 5 години ако претходно биле лица со овластувања, за да можат да станат министри во тие области. Вие измислувате изрази, ама луѓето слушаат, рече Силјановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.