Коментирајќи ја изјавата на Битиќи, претседателот Стево Пендаровски на „Телма“ упати критики до Владата велејќи дека 10 години не е ништо направено во образованието и од таму имаме 95% функционално неписмени лица.

Таа функционална неписменост ја продизведува ваквиот систем. Ние мора да влеземе со фундаментални, а не со козметички промени. За жал не гледам дека тоа досега е направено и дека има планови да се направат суштински промени… Да ви кажам најотворено, работите не се видно променети од 10 години претходно, значи откако дојде оваа политичка постава на Власт, зошто? Има многу причини, јас не сум експерт за образование. Не се направија на почетокот, по промената на Власта 2017 година мај/јуни месец не се направија пар работи кои мораше да се направат за да се постави образованието на колку-толку подновени основи, вели Пендаровски.

Пред неколку дена вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќањето една конференција рече дека над 90 отсто од невработените во земјава се функционално неписмени или нефункционално писмени, а 63 отсто од нив се без основно или незавршено основно образование.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.