Претседателот Стево Пендаровски по средбата со италијанскиот претседател Серџо Матарела рече дека добил ветување дека Италија ќе се заложи процесите да се интензивираат не само за земјава, туку за цел регион на Западен Балкан.

Тој истакна дека Матарела најавил дека ќе ја посети Македонија до крајот на оваа година.

Тоа е и во нивни интерес не само на државите кои се лоцирани во нашиот регион. Интересен детал е дека по 20 години, мислам до крајот на оваа година, италијанскиот претседател вети дека ќе ни дојде во официјална посета, тоа е втора или трета посета на италијански претседател откако Македонија е независна држава, изјави Пендаровски по средбата.

Со оглед на тоа што во Рим допатува заедно со бугарскиот претседател Румен Радев, Пендаровски рече дека не разговарале за детали околу одмрзнување на односите помеѓу двете соседни земји, но истакна дека и на самата Бугарија ѝ одговара да има стабилен сосед, кој му припаѓа на европското семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.