Претседателот Стево Пендаровски очекува дека ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент ќе биде завршена следниот месец.

Пендаровски, кој се наоѓа во официјална посета на Полска, истакна дека „ако се оди според планот кога станува збор за политичките текови, околу 10 март би требало тој процес да биде заокружен. Ќе останат само неколку технички детали кои треба да ги заврши Собранието во Скопје“.

Шпанија е последна земја членка на НАТО која треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, по што Скопје и официјално ќе стане 30. полноправна членка на Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.