Претседателот Стево Пендаровски нема да излезе со официјален став и коментар по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската новина агенција „Бгнес“ во кое дел од искажаните ставови се косат со ставот и изјавите на претседателот дадени во јавноста околу новонастаната состојба со Бугарија, ветото и барањата на официјална Софија. Во интервјуто премиерот Заев кажа и дека „претседателот Пендаровски не е искусен политичар“.

Претседателот Стево Пендаровски нема да ги коментира ставовите изнесени во интервјуто на премиерот Зоран Заев, соопштија кусо од Кабинетот на претседателот за „Гласот на Америка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.