За содржината на она што Бугарија го испорача преку специјалниот пратеник Владо Бучковски, претседателот на државата во интервју за МИА вели дека во никој случај не станува збор за нов договор, додаток на договор, протокол, анекс.

Најверојатно следната недела за сето ова ќе се разговара на собраниската Комисија за европски прашања или за надворешна политика, дека за тоа Владата донела одлука Бугарскиот одговор на Акцискиот план, што претходно до Софија го достави Македонија практично не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори, во него нема ништо суштинско различно од досегашните нивни позиции, вели претседателот Стево Пендаровски.

За содржината на она што Бугарија ни го испорача преку специјалниот пратеник Владо Бучковски вели:

„Не можам да видам нешто суштински различно во нивните позиции, можеби некои фрази…Повторувам, не станува збор за никаков нов договор, додаток на договор, протокол, анекс итн.“,

Тој смета дека експертската комисија излезе од својот мандат, дека се е излезено и од параметрите на Договорот во целина, не само надвор од параметрите на Комисијата и мандатот на Комисијата, подвлекувајќи уште еднаш дека идентитските прашања за нас не се тема.

„Комисијата излезе од својот мандат неспорно, меѓутоа излезе најчисто надвор од својот мандат во обидите, за жал, иницирани од другата страна да одредува етничка припадност на луѓе што починале пред 150 години. Не е тоа задача на Комисијата, ниту била, ниту ќе биде, ниту според духот и словото на Договорот. Комисијата треба да утврди кои јунаци и кои историски епохи или историски настани се битни и за вас и за нас за заеднички да ги чествуваме. Се разбира, не секои. Ако е битно за тебе, ако е битно за мене, можеме заеднички да положиме венец на споменикот на тој човек, не да одредуваме етничка припадност нечија – моја, ваша. Тоа исклучиво било и денеска и ќе остане основно човеково право. Се идентификуваш како Македонец, тоа е како денеска така и пред сто и кусур години. Значи, не можете вие наново да ја напишете историјата. Тоа е проблемот во кој западна Комисијата, практично дојде до стопирање на нејзината работа, бидејќи бугарските историчари инсистираа дека ние мора да кажеме. Замислете, на пример, цар Самуил дали бил етнички Бугарин во време кое барем едно седум века минимум пред воопшто да се формираат модерните нации“, вели Пендаровски.

Открива дека најверојатно следната недела за сето ова ќе се разговара на собраниската Комисија за европски прашања или за надворешна политика, дека за тоа Владата донела одлука, но не знае дали информирањето на пратениците за последните случувања на реалција Скопје-Софија ќе биде отворено за јавноста.

„Нема причина зошто да не се случи. Тоа е нивна практично и тековна обврска одвреме-навреме да ги информираат законодавниот дом и пратениците. Значи, ќе има таква сесија, на која сигурно ќе се разговара и за најновиот развој на настаните во таа смисла, во смисла на документи…“, вели Пендаровски.

За говорот за омраза кај нас, но и во Бугарија, Пендаровски во интервјуто вели дека тој не може да тврди дека тука нема говор на омраза, како што и тие не можат да тврдат дека од Софија кон нас не доаѓаат јасни и чисти дисквалификации и класичен говор на омраза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.