Шефот на државата вели оти му понудил средба на лидерот на ВМРО ДПМНЕ ама добил образложение дека сега не бил моментот. Но нема ниту збор за барањето на опозицијата пред се за предвремени избори, но и за јасно изразеното незадоволство во ВМРО ДПМНЕ по повеќе основи .

-Се видов и со албанската опозиција и со албанските партии на власт. Се видов со македонските партии на власт, се видов со партиите на етничките малцинства, односно други етнички заедници кои не се мнозински, дури и со оние политички партии кои не гласаа за мене на претседателски избори, меѓутоа до сега не успеав да направам средба до господинот Мицкоски, со образложение дека сега не е моментот, вели Пендаровски денеска во интервју за „Радио слободна Европа“.

Ова што го зборува Пендаровски е спротивно на јавно изразениот став на Мицкоски. Тој е дециден дека е подготвен да разговара со претседателот но за тет –а – тет средба има услови.

-Се што станува збор за интересите на државата тука сум стојам на располагање со секого сум подготвен да разговарам. Но ако Пендаровски сака да јас и он тет – а – тет разговараме, тогаш ќе мора да го направи тоа што јас и јавно го побарав од него а тоа е најпрво да се повлече од изјавата за македонскиот деец Гоце Делчев, а потоа да се извини на македонските граѓани и македонската нација за таа изјава, рече Мицкоски пред два дена.
Во последното интервју Пендаровски тврди дека никого нема да амнестира ако се докаже криминал, па дури и да е тоа премиерот.

Опозицијата пак останува на линија дека од Пендаровски кој својата блискост, доверба и слога со премиерот ги оценува со 102,5 отсто, не може да се очекува објективност, односно, се подразбира дека претседателот и тоа како е подготвен да го амнестира Заев.

-Кога со Зоки ќе бидеме на едно 5-6 митинга заедно остатокот од времето ќе бидам јас сам, меѓутоа кога ќе му дозволуваат обврските тој ќе се оридружува. И кога е тој тука јас навистина не морам да зборам за моите пртограмски и политички заложби, бидејќи сме исти 102,5 посто, потполно исти, рече Пендаровски, на 03.04.2019.

Во врска со Гоце Делчев, во последното интервју, се правда дека таквата изјава ја дал оти сакал да и пушти ветер во грб на историската комисија која во еден момент западнала во ќор сокак во работата.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.