Зоран Заев во своето предновогодишно интервју најави дека новата година ќе ја помине дома во „пиџами“ и ќе се придржува на владината кампања „празнувај одговорно“. Веќе вториот ден од новата година ја посвети на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот син Иво. Се фотографираа заедно на Беласица, без маски, спротивно на нивната кампања.

 

Претседстелот Пендаровски намерно или не, преку последното интервју му испрати порака на Заев

– Не бев во Охрид за празниците. Сум бил претходно и ќе одам здравје боже, поради пандемијата мислам дека беше најдобро да ги почитуваме препораките на Комисијата и на докторите дека треба да останеме во кругот на семејствата. Не мора во пижами, меѓутоа во кругот на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.