Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој е задоволен од последните анкети.

Јас сум задовоелн од бројките на анкетите. Јас имам солидна бројка на гласачи Македонци и Албанци. Мојот рејтинг во мометов е поголем од партискиот рејтинг на СДСМ и е поголем од рејтингот на самата коалиција. Што значи дека имам поддршка и од неопределни. Јас сум навистина задоволен што имам поддршка надвор од етничките линии. Оваа коалиција беше направена за да не се пазариме меѓу двата круга. Никој нема да биде овластен од мене да преговара за гласовите на Река, рече Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.