Претседателот Стево Пендаровски денеска ги оцени како легитимни барањата за одложување на пописот поради состојбата со пандемијата.

Тој во интервју на Телевизија 24 истакна дека нема да биде крај на светот ако пописот се одложи за месец или два.

„Јас ги слушам повиците за разгледување тајмингот на пописот, корона, вакцини и слично. Тоа се сериозни прашања. Не гледам грев, пописот да се одложи за месец и или два. Тоа се легитими барања, оние што се однесуваат во доменот на здравстото. Нема да биде крај на светот. Не велам да се одложи за цела година, но месец или два не би биле проблем. За секој граѓанин да се чувствува безбедно, да не се плаши кога некој ќе му дојде во домот“, вели Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.