Претседателот Стево Пендаровски денеска се огласи пред македонската јавнсот по заклучоците на Советот на ЕУ кои не се во рамки на она што се очекуваше.

За жал заклучоците на Советот на ЕУ не се во согласност со нашите оправдани очекувања. Разбирливо е дека во овие моменти постои чувство на разочараност но мораме да се соочиме со последиците, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање во нацијата.

Тој истакна дека ниту една одлука не е конечна.

Заедничка цел е да се осигураат позитивните промени што треба да се случат во процесот понатамуНашата држава има искрени пријатели и сојузници, ние во Европа немаме пријатели, но постојат држави кои ги штитат специфичните интереси, рече Пендаровски во своето обраќање до нацијата.

Реформите мора да продолжат, справувањето со организираниот криминал, европските стандарди мора да станат домашни стандарди, додаде тој.

Не е време за поделби и апатија, ниту пак за негативни чувства кон одредени земји, потребно е единство, потенцираше Пендаровски.

На крај претседателот информираше дека сите лидери позитивно одговориле на поканата за средба в недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.