Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори, бидејќи тоа не зависи од мене, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во интервју за емисијата „Детектор“ на Сител телевизија.

Претседателот потсетува дека тоа е одлука која што ја носи мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите.

– Не сум убеден бидејќи не зависи од мене. Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на Парламентот, вели Пендаровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.